9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Автобус падна во бездна во Индонезија, најмалку 25 мртви

Најчитани вести

Најмалку 25 лица загинаа кога патнички автобус падна во 80 метри длабока бездна на островот Суматра во Индонезија, откако сопирачките најверојатно откажале, соопшти полицијата.

Началникот на локалната полиција Доли Гумара изјави дека 14 лица се повредени, од кои едно е во критична состојба.

Несреќата се случила нешто пред полноќ по локално време.

Гумара рече дека автобусот се урнал во бездна и завршил во река, кога возачот изгубил контрола над возилото во област со многу кривини.

Спасувачите трагаат по патници за кои постои сомнение дека биле однесени од реката.

Во автобусот има седишта за 52 патници, но засега не се знае колку лица имало во возилото.

„Би-Би-Си“ известува дека 120 спасувачи учествуваат во акцијата.

На телевизиските снимки се гледа како полицијата и спасувачите извлекуваат повредени и тела на патниците.

Преживеаните патници им кажале на властите дека најверојатно откажале сопирачките на автобусот.

Сообраќајните несреќи се вообичаени во Индонезија заради лошата инфраструктура и безбедносни стандарди.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com