4.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Автентично толкување во собранието контра враќање на помилувањата на Иванов

Најчитани вести

Новиот правен земјотрес кој се заканува да дојде од Уставниот суд и да ги ослободи повеќето осомничени и обивнети од сјо ја предизвика министерката за правда да понуди контра план.

Преку автентично толкување во собрнаието на чл 11 од законот за помилување, Десковска очекува да  се спречи  евентуално  изненадување од уставниот суд ,  откако деновиве одлучил да поведе постапка и да оценува дали еднаш дадено помилување може да се повлече.

Иако и министерството преку владата може да иницира толкување, побрзата постапка е ако пратениците сами иницираат. Десковска вели помилувањата во 2016 на експретседатлеот Иванов беа незаконски.

-Ова автентично толкување треба токму тоа да го потврди дека членот 11 не постоел така што било какво отповикување нема ефетк и одлуката на уставен каква и да е ќе нема правен ефект на дадените помилување. Целта на сите овие манипулативни обиди е постигнување на неказнивост за кривичните дела кои беа предмет на СЈО, а кои сега ги продолжи редовното обвинителство, вели Десковска.

Десковска очекува пратниците да не дозволат уставен да ги оживее помилувања на Иванов и еднаш за секогаш да го затворат тоа прашање.

Вели сите пратениците ќе треба да одлучат како ќе се постават во овој случај дали како поддржувачи и застапници на правдата или како слуги на криминалот.

Иако лидерот на ДУИ и други функционери се осомничени или обвинети во предмети на СЈО, министерката очекува поддршка и од колаициониот партнер.

Коалицијата не треба да се заснова на криминални основи. Очекувам дека тоа што вербално слушаме од  коалционите партнери се залагаат дека се за правда ќе го видиме на дело. Не можам ни да претпоставам дека ова може да биде причина за нарушување на коалицијата. Очекувам поддршка од сите во Собранието, додаде Десковска.

Повикот до пратенеиците во Собранието го прифатија сопартијците на Десковска. Пратеничката група на СДСМ поднесе барање за автентично толкување на чл. 11 од Законот за помилување

-Со овој чекор сакаме да ги спречиме најавите да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов, против која застанаа сите слободоумни граѓани, зад која застанавме и ние.Неказнивост на делата што ги направи режимот предводен од ВМРО-ДПМНЕ не смее да има и нема да има, ние тоа нема да го дозволиме, вели Костадин Костадинов од СДСМ.

Опозицијата  имаа поинакво толкување на постпаката во Уставен. Заев преку Уставниот суд создава можност после поразот на следните предвремени парламентарни избори да биде амнестиран за сите коруптивни афери и зделки познати во јавноста, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потписот на Заев врз одлуката на Уставниот суд најдобро се гледа во лицемерието со кое се одредуваат приоритетите на судот. Иницијативи кои се однесуваат на испитување на уставноста на многу посуштински закони со години се држат во фиока и не се разгледуваат, а без никакво образложение, по политичка наредба, се дава предност на предмет кој се однесува на Законот за помилување, оценија од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов во постапката на Уставнот суд намирисува неподнослива реа на повторен обид за амнестија за поништување на сите случаи на СJО и за создавање нова коалиција меѓу криминалот и политиката. Од партијата бараат итни оставки од уставните судии,  очекуваат  реакција од партиите на власт, невладиниот сектор, медиумите и слободномислечките граѓани .

Од неговиот кабинет велат во понедленик на координавија на партиите ќе се одлучи кога ќе биде ставено на дневен ред.

Прва наредна закажана седница е 11 декември. 

Во април 2016 та година, екс-претседател Иванов аболираше 50тина осомничени во предмети на СЈО што резултираше со скеојдневни протести на шарената револуција. Еден месец подоцна ги повлече.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com