33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Австријците подготвени да надоместат за одморот пропуштен минатата година

Најчитани вести

Половина Австријци минатата година поради пандемијата се откажале од одмор, но оваа година скоро сите сакаат да заминат на летување. Секој четврти Австриец годинава сака да се одмори повеќе од две недели, покажуваат анкетите на јавното мислење. Половина од вработените велат дека итно им е потребна пауза.

Многу австриски граѓани истакнуваат дека по повеќе од една година вонредна состојба, тие ја изгубиле мотивацијата.

Една третина изјавила дека лани отсуствувале од работа помалку време, а 17% велат дека воопшто не користеле одмор.

„Поради зклучувањето и ограничувањата за патување, многу вработени не заминаа на одмор, а некои беа принудени да го искористат“, објаснува шефот на порталот „karriere.at“, Георг Коњовиќ.

Според него, раководниот персонал мора да посвети внимание на тоа нивните вработени да имаат доволно слободно време.

Кога станува збор за плановите за патување, актуелните мерки во светот, според 51 процент од Австријците, влијаат врз планирањето на годишните одмори.

Така, 44% планираат летен одмор во Австрија, а 56% сакаат да заминат во странство.

„Веднаш штом ќе се обнови меѓународниот патнички сообраќај, многу вработени ќе заминат на годишен одмор, односно ќе ги користат неискористените слободни денови, а компаниите треба да бидат подготвени за тоа“, вели Коњовиќ.

Тој исто така посочува дека 37% од вработените ќе одмораат повеќе од две недели.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести