8.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Австрија ја интензивира борбата против тероризмот

Најчитани вести

Парламентот на Австрија синоќа одобри реформа на националната разузнавачка служба со цел да се намали заканата од тероризам, јави германската новинска агенција ДПА.

Новата Дирекција за државна заштита и разузнавање ќе ги има надлежностите што досега ги имаше државната полиција за спречување на опасности и разузнавачката служба за анализи на опасности.

Новиот центар за информации и ситуации ќе ги идентификува и обезбедува податоците за заканите и потенцијалните напаѓачи на поефикасен начин. Реформата главно беше поради разузнавачки неуспеси пред терористичкиот напад во Виена во ноември 2020 година.

Политичките партии ги поздравија новите мерки за контрола. Во иднина, ќе има независно тело за надзор составено од тројца експерти именувани со двотретинско мнозинство од пратениците, чиј мандат ќе биде десет години.

Поранешната федерална служба за заштита на Уставот и борба против тероризмот во последните неколку години неколкупати го привлекуваше вниманието на медиумите. Според министерот за внатрешни работи Карл Нехамер, нејзиниот „најголем проблем беше губење на доверба и на национално и на меѓународно ниво“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести