19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Австрија бара Бугарија да ја тргне блокадата кон Македонија

Најчитани вести

Австрија бара од Бугарија да ја тргне блокадата за Македонија да ја одржи првата меѓувлададина конференција со Европската Унија за време на португалското претседателство што завршува на 1 јули, при што австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер апелираше до Софија да го прекине овој отпор. Овие ставови беа изнесени на вчерашната заедничката прес-конференција на австриската министерка со вицепремиерот Никола Димитров кој е во посета на Виена.

– Македонија е кандидат за пример и сакам јасно да порачам брзо да се финализираат преговарачките рамки за првата конференција, за време на португалското претседателство. Искрено велам дека немам разбирање за тоа дека Бугарија понатаму блокира. Апелирам до Бугарија, овој отпор да го заврши – истакна Едштадлер, додавајќи дека Австрија понудила разговорите да продолжат во Виена, но тоа не било прифатено.

Димитров, од своја страна, се заблагодари за поддршката од Виена за европската иднина на целиот Балкан, како и дека на Македонија и е потребно стратешко трпение додека го следи формирањето на новата бугарска влада.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести