19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Австрискиот парламент воведува задолжително носење маски

Најчитани вести

Претседателот на парламентот Волфганг Соботка рече дека повеќе не сака да гледа некои пратеници, главно од редовите на Партијата на слободата на Австрија (ФПО), кои не носат маски.
Во изминатиов период доби неколку поплаки од пратеници со барање да се стават во ред оние претставници на граѓаните што не сакаат да носат маски.

„Повеќе не може да биде така. Во други земји и пратениците носат маски. Се разбира, можно е понекогаш да заборават на нив, но она што се случува е јасна провокација“, рече Соботка во изјавата за дневниот весник „Кронен цајтунг“.

Тој најави дека на вонредниот состанок на претседателството на парламентот во вторник тоа ќе биде темата, бидејќи е несфатливо дека додека граѓаните носат маски, пратениците не го прават тоа.

Тој изрази надеж дека ќе има разбирање од страна на оние што одбиваат маски, пред се од редовите на ФПО.

Доколку не се постигне договор, можно е да се воведе обврска за носење маски, но проблем е што оваа мерка не може да се спроведе, односно не може да биде санкција.

„Не можам да исклучам никого од работата на парламентот“, објасни Соботка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести