17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Австрискиот канцелар денеска ќе се сретне со Путин

Најчитани вести

Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а поводот е разговор.

Инаку, со овој потег тој ќе стане првиот европски лидер кој ќе се сретне со шефот на руската држава откако Русија ја започна војната против Украина.

Австрија е воено неутрална земја, но има „јасен став“ за руската војна против Украина, напиша Нехамер во неделата на Твитер.

Тој ги повика двете страни да ја прекинат војната и да постигнат прекин на огнот со цел да се отвори патот за воспоставување хуманитарни коридори и целосна истрага за воените злосторства.

Посетата на Нехамер ќе следи по средбата со Зеленски и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко во сабота во Украина.

Тој рече дека ги информирал претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговата планирана посета на Русија.

За време на посетата, Нехамер ја повтори поддршката на Австрија за Украина и рече дека воените злосторства извршени од Русија не можат да се игнорираат.

Според проценките на Обединетите нации, најмалку 1.793 цивили се убиени откако Русија ја започна војната против Украина, а 2.439 се ранети. Се стравува дека реалната бројка е многу поголема.

Според Агенцијата за бегалци на ОН, повеќе од 4,5 милиони Украинци побегнале во други земји, а милиони се внатрешно раселени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com