9 C
Skopje
Tuesday, March 2, 2021

Австралиска авиокомпанија постави нов рекорд за најдолг комерцијален лет

Најчитани вести

Австралиската компанија „Кантас“ го урна светскиот рекорд за најдолг непрекинат комерцијален лет во историјата.

Растојанието од Лондон до Сиднеј (17.800 километри) авион на оваа компанија го прелета за 19 часа и 19 минути.

Летот QF 7879 тргна од лондонскиот аеродром „Хитроу“ вчера во 6 часот наутро. Патот долг 17.800 километри е најдолгиот лет на „Кантас“ во рамките на научно истражување за влијанието на менувањето на временските зони врз патниците и потрага по опции за подобрување на здравјето на екипажот.

„Кантас“ за оваа потреба го преуреди новиот „боинг 787-9 дримлајнер“ за да добие максимална количина гориво и го ограничи бројот на патници и багаж.

Во авионот имаше 50-ина патници и членови на екипажот.

Вторпат во историјата комерцијален лет ја прелетува ваквата оддалеченост. „Кантас“ во 1989 година со „боинг 747-400“ го прелета растојанието меѓу двата града за повеќе од 20 часа.

„Кантас“ почнал да лета меѓу Лондон и Сиднеј во 1947 година и за таа траса биле потребни вкупно пет дена, со шест попатни слетувања.

Минатата година компанијата ја воведе линијата Перт – Лондон, единствената директна врска меѓу Австралија и Европа за која се потребни 17 часа летање.

Минатиот месец „Кантас“ успешно го изведе најдолгиот непрекинат комерцијален авионски лет во светот – од Њујорк до Сиднеј.

Пробниот лет од 16.200 километри траеше 19 часа и 16 минути.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести