10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

АВМУ: Навредите кон новинарите на протестот – директен напад врз слободата на медиумите

Најчитани вести

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) денеска испрати реакција во врска со неделниот протест поттикнат од новите мерки против коронавирусот .

АВМУ ги осуди навредите и вулгарните пораки кои беа упатени кон новинарите на протестот и потенцира дека ваквиот однос е директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.

-Ги осудуваме сите форми на омаловажување и вербални навреди врз новинарите и апелираме да се почитува достоинството на новинарската професија, како и личното достоинство на медиумските професионалци. Потенцираме дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумските работници е неопходен предуслов за слободата на информирање, наведува АВМУ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com