-9.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Авичи денеска ќе го прославeше својот 32 роденден, ама…

Најчитани вести

Шведскиот диџеј Тим Берглинг, попознат по уметничкото име Авичи, денеска ќе го прославеше својот 32 роденден.

Авичи беше пионер во жанрот на модерна музика EDM (Електронска денс музика).

Тој е еден од ретките диџеи кои исполнуваа арени низ целиот свет на неговите турнеи, а соработуваше, меѓу другото, со Мадона и групата „Колдплеј“.

Тој освои две награди на МТВ, една Билборд награда и двапати беше номиниран за Греми награда.

Тој остави зад себе бројни хитови, меѓу кои се истакна „Wake me Up“, кои ги поврза младите луѓе ширум светот и покажа дека музиката не познава граници.

Покрај песната „Wake me Up“, Авичи ќе остане запаметен и по хитовите „Hey, Brother”, „Without You“ и „Levels“.

Да потсетиме, славниот музичар беше пронајден мртов на 20 април 2018 година во Оман, а полициската администрација тогаш објави дека не станува збор за криминално дело, туку за самоубиство.

Набргу по овој инцидент, семејството објави дека Авичи „не можел веќе да продолжи“ и дека „сакал да најде мир“.

“Тим не беше создаден за машинеријата во која се најде, тој беше чувствителен дечко кој ги сакаше своите обожаватели. Тим, ќе бидеш сакан засекогаш и ќе ни недостигаш многу. Твојата личност и твојата музика ќе го чуваат споменот за тебе жив “, велат од семејството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com