25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Авион за обука се урна на улица во Бурса, двајца загинати

Најчитани вести

Две лица загинаа во падот на авион за обука во централниот дел на турската провинција Бурса, изјави денеска локалниот функционер Јакуп Чанболат, пренесоа турските медиуми.

Авионот, кој се користел за обука за летање, удрил во улица во селото Багларбаси во близина на аеродромот Јунусели во провинцијата. Во соопштението на локалните власти се наведува дека во авионот биле само пилотот и копилотот. Камерата во близина успеала да го сними моментот кога се урнал авионот кој паднал во населениот дел на Бурса. По несреќата жителите побрзале да излезат од домовите на улица, а од местото каде што паднал авионот извирал чад. Локалниот функционер Јакуп Чанболат истакна дека во авионската несреќа се оштетени две куќи и две возила, како и дека во тек е истрага за причините за несреќата, но засега се претпоставува дека се работи за техничка грешка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com