Авионот слетува над главата на туристите: Една од најопасните писти се наоѓа на грчки остров

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Овој аеродром е популарна туристичка атракција.

На драматичната снимка се гледа моментот кога авионот слетува на неколку метри над главите на туристите на популарниот остров во Грција.

Авионот на “British Airways” бил снимен на аеродромот Скијатос во Грција додека се приближувал до пистата, пренесува “Independent”.

Аеродромот на Скијатос е популарна туристичка атракција, а туристите чекаат на патот покрај пистата за да ја доживеат несекојдневната авантура.

На снимката се гледаат туристи кои морале да се сокријат додека авионот слетувал, поради што се претпоставува дека ова е најниско слетување некогаш на овој аеродром.

На ова место постојат и предупредувања на кои пишува дека не треба да се приближувате до пистата, а сите кои одат на овој популарен остров не пропуштаат можност да направат опасно и во исто време возбудливо селфи со авионот./tocka.com.mk/

T.E.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.