-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Авганистанците со солзи во очите се симнаа од авион

Најчитани вести

Половина час пред полноќ со авион на авганистанската авиокомпанија КамЕр на скопскиот аеродром пристигнаа првите граѓани на Авганистан чиј живот беше загрозен од новата талибанска власт.

Првата група од 149 граѓани од вкупно 750 Авганистанци ја пречека министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

– Целиот фокус ни е денеска да ја покажеме солидарноста на дело. За овие граѓани кои што со солзи во очите се симнаа од авионот затоа што најдоа среќа да бидат сместени безбедно далеку од својата татковина. Ние досега дадовме согласност за 750 граѓани. Оваа прва група пристигна од Тбилиси, Грузија до Скопје. И за следната група, како што ќе се појават услови на аеродромот во Кабул, за групата која што е најавена, ќе бидеме подготвени да ја пречекаме на ваков достоинствен начин – рече Османи.

Од авионот се симнаа 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации, информираат од Владата на РСМ.

Црвениот крст беше првиот контакт за граѓаните кои стигнаа од Авганистан, МВР ќе ги спорведе сите безбедносни проверки, а Министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тест и можност за вакцина. По пристигнувањето на Авганистанците ќе им бидат поделени пакети со храна и со автобуси ќе бидат однесени на здравствени прегледи. Авганистанските цивили ќе бидат веднаш преместени во хотели во периферијата во Скопје.

На граѓаните од Авганистан, кои имаат статус на лица со привремен престој им се издава виза за привремен престој од 90 дена, а потоа треба да заминат на друга безбедна дестинација или во САД.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com