1.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Абортусот од денеска е легален во цела Австралија

Најчитани вести

Абортусот од денеска е легален во цела Австралија, откако сојузната држава Нов Јужен Велс гласаше за промена на стариот закон што ја забрануваше оваа процедура.

Актот донесен денеска ќе го замени законот стар 119 години, кој критичарите го опишаа како многу застарен.

Новиот закон им овозможува на бремените жени да одлучат за абортус до 22. недела од бременоста, а по овој период потребно е двајца лекари да ја одобрат постапката.

Предлог-законот длабоко ја подели конзервативната влада на државата, а на усвојувањето му претходеше дебата која траеше со недели.

Абортусот во Нов Јужен Велс претходно беше можен само доколку лекар одлучи дека бременоста е сериозен ризик по здравјето на жената.

Сите жени кои абортирале без дозвола од доктор, ризикуваа затвор до десет години, и исто толкава казна се предвидувала и за лекарот кој нелегално ќе го изврши зафатот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com