12.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Аболицијата носи политичка штета за сите

Најчитани вести

Сега се е во рацете на уставните судии, коментира поранешниот претседател на Врховен суд Дане Илиев по одлуката на собраниската комисија дека нема потреба од толкување на членот 11 бидејќи тој не постои. Аналитичарот Алберт Муслиу, пак смета дека оваа тема е политички штетна за сите.

Иницијативата поднесена до Уставниот суд пред три години за аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов донесена пред 3,5 години, деновиве ја вознемирува македонската политичка сцена. Откако Уставниот суд минатата недела одлучи да биде ставена на дневен ред иницијативата за оценувањето на одлуката на претседателот за повлекување на аболицијата, заседаваше Владата, собраниската комисија, а партиите продолжија со меѓусебните обвинувања кој стои зад ова.

По силните реакции Уставниот суд одлучи да го почека автентичното толкување од собраниската законодавна правна комисија. Пратениците членови на комисијата, пак, одлучија дека нема потреба од давање автентично толкување за член што не постои, односно за членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година, а подоцна поништен.

поред поранешниот претседател на Врховен суд Дане Илиев оваа одлука на собраниската комисија сугерира дека уставните судии треба да не ја прифатат иницијативата за разгледување на аболицијата, но сега се e до Уставниот суд.

„Кај него (Уставниот Суд) се уште не е решено прашањето па сега треба да донесе одлука дали иницијативата за преразгледување на аболицијата ќе ја одбие како неоснована или ќе ја прифати. Ако ја прифати тогаш треба да донесе конечна одлука“, вели Илиев.

За што станува збор – кој се беше помилуван?

Околу половина година по формирањето на Специјалното јавно обвинителство претседателот Ѓорге Иванов пролетта 2016 година одлучи да помилува 56 лица, голем дел од нив од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но на листата се најдоа и тогаш опозициски политичари и јавни обвинители.

Меѓу помилуваните беа Никола Груевски, Мартин Протеѓер, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски, азилантите во Грција а поранешни разузнавачи Никола Бошкоски и Горан Грујевски, актуелниот премиер Зоран Заев, поранешниот претседател Бранко Црвенковски, специјалните обвинители Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефанова и други.

Оваа одлука тогаш беше причина за почетокот на протестите кои потоа го добија името Шарена револуција. Во меѓувреме покрај силното несогласување со одлуката на Иванов кое го покажуваа граѓаните секојдневно на улица, реагираа и речиси сите западни политичари барајќи од Иванов да ја повлече одлуката, по што по околу еден месец тој тоа и го стори.

Аболицијата- тема за меѓупартиски расправии

Актуализирањето на аболицијата сега доведе до нови меѓупартиски кавги. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски ја обвини владата дека ја замајува јавноста со измислена тема за враќањето на аболицијата за да ги скрие владините неуспеси на повеќе полиња. СДСМ реагираше со тврдење дека не успеал планот на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати аболицијата на Ѓорге Иванов и да ги спаселе криминалците од своите редови. Сега ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на тоа дека и актуелниот премиер Заев беше на списокот помилувани бара лица кои биле амнестирани да не може да се занимаваат со политика.

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека за актуализирање на темата аболиција „виновни се“ Уставниот суд и пратениците кои она што го направија сега на законодавно-правната комисија не го сториле претходно за да ги отфрлат можностите аболицијата пак да биде актуелна. Гледано од денешен аспект, Муслиу е дециден дека ако сето ова помине на Уставниот суд, од оваа тема политички сите ќе изгубат.

„Од тоа ќе имаа придобивка само тие кои се засегнати од аболицијата, а сите други ќе имаа штета и мислам дека како почнаа да ја контролираат штетата, така продолжија со стандардниот предизборен говор“, вели Муслиу.

Според него зад одлуката на Уставниот суд може да има и политичка заднина, но и индивидуални интереси./рсе

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com