4 C
Skopje
Sunday, March 7, 2021

Абе: Се надевам дека состанокот Трамп-Ким ќе даде позитивни резултати

Најчитани вести

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска изјави дека Јапонија го поддржува процесот меѓу САД и Северна Кореја и изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун ќе даде позитивен исход.

– Се надевам дека тој самит ќе доведе до напредок, изјави Абе како коментар за средбата меѓу Трамп и Ким.

Трамп и Ким вчера се сретнаа во демилитаризираната зона на Корејскиот Полуостров.

Трамп се ракуваше со Ким, а потоа ја премина линијата која ги дели двете Кореи. Со тоа стана првиот американски претседател кој стапнал на тлото на Северна Кореја.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести