Home » Абазовиќ: Се залагам за Отворен Балкан

Абазовиќ: Се залагам за Отворен Балкан

by Журнал.мк

– Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека се залага за регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.

Тој за приштинската телевизија Клан Косова изјави дека „Отворен Балкан“ е осмислен да опфати шест земји од Западен Балкан и оцени дека Косово би имало најголема корист од учеството во иницијативата.

„Отворен Балкан е направен за шест земји, не е направен за пет и пол земји или три и пол земји, туку за шест земји. Секој кој учествува се претставува себеси и својата земја. Мое мислење, можеби грешам, е дека најголем интерес во регионот е Косово да биде во која било регионална иницијатива“, рече Абазовиќ.

Властите во Приштина и Црна Гора одбија да учествуваат во „Отворен Балкан“, додека во Босна и Херцеговина не беше постигнат консензус за приклучување кон иницијативата, која ги вклучува Србија, Албанија и Македонија.

Оваа иницијатива предвидува слободно движење на капитал, стоки, услуги и луѓе меѓу земјите-членки.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More