Home » Абазовиќ- „Отворен Балкан“ откри рецепт за иднината

Абазовиќ- „Отворен Балкан“ откри рецепт за иднината

by Журнал.мк

На Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид се случи „пресврт на што регионот треба да биде горд“, а Европа „виде еден поинаков Западен Балкан, што отворено разговара за својата иднина“, изјави денеска црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ. Тој смета дека Црна Гора е подготвена да допринесе за единство и заедништво на Западен Балкан, затоа што, за неговата земја „патот кон ЕУ нема алтернатива“.

„Наместо за тоа „кој прв започна војна“, се разговараше за туризам, слободна трговија, енергија, земјоделство, економска и здравствена криза, како и за инфраструктура, изјави Абазовиќ во интервју за „Политика“.

Тој додаде дека „Отворен Балкан“, на чиј Самит во Охрид присуствуваше, откри „рецепт за иднината“. Абазовиќ истакна дека иницијативата може да стане мост на мирот меѓу Истокот и Западот.

Црногорскиот премиер нагласи и дека „кога отворено се разговара за иднината на Западен Балкан, на сосем друг начин од оној што беше вообичаен, без свртување кон темите што предизвикуваат конфликти, тогаш на светот му праќаме сосема поинаква порака“.

Тој наведе и дека на Самитот во Охрид гледал и како шанса за зајакнување на добрососедските односи, „нешто со што претходно земјите од Западен Балкан не можеа да се пофалат“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More