193
Вонредните парламентарни избори во Црна Гора се одржаа на 11 јуни годинава, но лидерот на движењето Европа сега (ПЕС) Милојко Спајиќ кој го доби мандатот, се уште не формирал владаПретседателот на црногорската влада во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска изјави дека не ја исклучува можноста за вонредни парламентарни избори бидејќи, како што вели, Црна Гора постојано е во изборен циклус, а изборите се најчистото решение „кога има политичка криза“.
„Како држава постојано сме во изборен циклус. Не би исклучил ниту да одиме на парламентарни избори. Постојано сме во изборен циклус, и постојано бараме резултати. Мислам дека навистина ги испорачуваме резултатите, во многу тешки политички услови“, рече Абазовиќ.
Вонредните парламентарни избори во Црна Гора се одржаа на 11 јуни годинава, но лидерот на движењето Европа сега (ПЕС) Милојко Спајиќ кој го доби мандатот, се уште не формирал влада. Преговорите за формирање влада се во тек, а рокот е 10 ноември.