Home » Абазовиќ го презема Министерството за надворешни работи на Црна Гора

Абазовиќ го презема Министерството за надворешни работи на Црна Гора

by Журнал.мк

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ ќе ја преземе координацијата на Министерството за надворешни работи откако Собранието го разреши министерот Ранко Кривокапиќ, дознава „Вијести“.

Министерството за одбрана најверојатно ќе го координира актуелниот министер за внатрешни работи Филип Аџиќ, додека Бирото за оперативна координација (БОК) треба да го води министерот за правда Марко Ковач.

Собранието на 21 октомври ги разреши министрите за одбрана и за надворешни работи Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ со гласовите на пратениците од „старото мнозинство“.

Иницијативата за нивна смена ја поднесе Абазовиќ, а во образложението испратено до претседателката на Собранието, Данијела Ѓуровиќ, меѓу другото се наведува дека „во периодот од гласањето недоверба на Владата до поднесувањето на овој предлог, јавните дејствија на министрите Коњевиќ и Кривокапиќ континуирано отстапуваа од официјалниот став на Владата“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More