Home » АА: Посветено ќе продолжиме да се залагаме за укинување на формулацијата „20 проценти“ од Устав

АА: Посветено ќе продолжиме да се залагаме за укинување на формулацијата „20 проценти“ од Устав

by Журнал.мк

Алијансата за Албанците е посветена и ќе продолжи да се залага и во иднина да го реши и отстрани овој наратив за Албанците, истакнуваат од партијата преку соопштение во врска со формулацијата „јазик што го зборуваат над 20 отсто од населението“ и да стои само албански јазик.

Од партијата посочуваат дека в.д. претседателот Арбен Таравари ги повикал сите партии да седнат на маса.

– Ние бевме и сме за соработка со сите политички партии со единствена цел да го решиме овој проблем. в.д. претседателот на АА, Арбен Таравари, ги повика сите партии да седнат на маса и ние сме подготвени да седнеме ден поскоро, кога сите ќе бидат подготвени, велат од Алијансата за Албанците.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More