26.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

АА и Алтернатива: Обвинителите на ДУИ во одбрана на криминалот на функционерите на ДУИ!

Најчитани вести

Соопштение на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива

„Нашите судови и обвинителства продолжуваат да бидат партизирани и исполитизирани, дури и во служба на политички функционери, штитејќи ги наместо да ги обвинуваат за кршење на законот.

Таков е случајот со вишите обвинители Мустафа Хајрулаи и Дилавер Бектеши од Апелациониот суд во Скопје за функционерите на ДУИ, Ејуп Халими и Исмет Гури, кои бараат да се уважи нивната жалба, да им се тргнат затворските казни и случајот со фалсификување на изборните резултати да се врати на повторно судење.

Ова е уште еден скандал и доказ што ги потврдува нашите тврдења дека претседатели на судови, виши обвинители инсталирани од ДУИ, членови на судскиот и обвинителскиот совет, продолжуваат да ги штитат функционерите на ДУИ вклучени во криминал и корупција. Токму тоа е причината што досега ниту еден сегашен или поранешен функционер на ДУИ не одговарал.

Овие обвинители и судии избрани и именувани од ДУИ, никогаш не го кренаа својот глас против политички монтираните судски процеси против Албанците и никогаш не ги бранеа нив како што ги бранат функционерите на ДУИ.

Тоа се судии и обвинители на ДУИ, исти како оние блиски сега до СДСМ а порано до ВМРО, што го држат во заложништво системот на правдата и ги спречуваат реформите во правосудниот систем.

Алијансата за Албанците и Алтернатива го повторуваат ставот дека обврската за редефинирање на правниот систем е најургентно прашање во нашата земја. Ние како коалиција испративме писмо до министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ за да испратат мисија на ЕУ, која ќе го реформира правосудниот систем и која ќе се занимава одделно со политички монтирани случаи, за кои сметаме дека се неопходни за перспективата на Северна Македонија

Затоа, ја користиме оваа прилика да и се обратиме на меѓународната заедница во нашата земја, сериозно да го сфати нашето барање и да ни помогне во реформата на судството. Во спротивно, Северна Македонија се лизга кон моделот на Белорусија и земјите каде поимот правда нема никаква врска со правичноста.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести