Скопје, 23 јуни – Кристина Арнаудова ќе го пушти својот прв сингл „Те сакам до крај“ од новиот албум во македонскиот радио етер.
Автор на синглот е американскиот композитор и продуцент Michael Lee Jackson, познат по соработката со легендарниот Ian Gillan од Deep Purple.
Песната комплетно е отсвирена во живо со повеќе од 20 музичари во едно од најголемите студиа во Лос Анџелес, а вокалот на Кристина се снима во Македонија во студиото ,, До Ре Ми“.
Песната има 2 верзии, македонска и англиска, и се вика ,, Love you for life “ односно ,, Те сакам до крај “.
Финалниот микс на оваа песна е на Кокан Димушевски кој ќе ја работи и финалната тонска продукција на албумот. Мастерингот на овој материјал ќе го работи еден од најпознатите тонски инжењери во светот Nick Blagona - The Tone Guru, во Канада.
На овој сингл придружните вокали ги пее афро – амерички госпел хор, но само на англиската верзија, бидејки на македонската не е изводливо заради јазикот.
Продуцент на вокалот на овој сингл како и на останатите на албумот ќе биде Тања Царовска, македонката која стана еден од најпрепознатливите вокали на филмска музика во светот.
Спотот за оваа песна треба да се очекува на 1-ви септември, а како и до сега, ќе биде промовиран на МТВ музичката мрежа. / Журнал МК
/